За денешниот ручек Ви предлагаме вкусни раженчиња на македонски начин, а за десерт подгответе вкусни колачиња со пиво.
Потребно:
500 гр. јагнешко без коска
100 гp. димена сланина
200 гр. јагнешки дроб
2 зелени пиперки
8 печурки
црн пипер
сол
масло за јадење
Подготовка:
Месото, пиперките, печурките и сланината исечете ги на мали парченца и редете ги на жица или стапче за раженче. Секoе (раженче) премачкајте го со маслo и сок од лимон, посoлете го ставете црн пипер и печете го на скара.
Одлични колачиња, кои брзо се подготвуваат.
Потребно:
250 мл пиво
250 мл масло за јадење
1 пециво
2 лажици шеќер
100гр гриз
600-700 гр брашно
100 гр сецкани ореви за полнење
За шербет:
700 мл вода
800 гр шеќер
1/2 лимон
150 гр мелени ореви или кокос за посипување
Подготовка:
Се замесува тесто од маслото, пивото, гризот и брашното помешано со пецивото. Од тестото се зема во рака и се обликуваа топчиња кои се полнат со оревчиња и се редат на подмачкан плех.
Шеќерот се налева со водата и се става да врие 5минути. а потоа се трга и се попаруваат ладните колачи
Одозгора може да се поросат со мелени оревчиња или кокос.