Во нива во Новаци се пронајдени 32 гранати од Првата светска војна

Во нива во Новаци се пронајдени 32 гранати со калибар од 75 милиметри. Гранатите е пронајдени при изградба на локалниот пат.

„На 24.10.2024 во 12.00 часот во Полициското одделение Новаци било пријавено дека при извршување градежни работи на локален пат во селото Новаци била пронајдена граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување излегол на местото и констатирал дека биле пронајдени 32 гранати со калибар 75 мм од Првата светска војна, кои биле безбедно подигнати за понатамошна постапка“, соопшти полицијата