Во голема акција за сузбивање на пласирање на фалсификувани производи на српскиот пазар, пазарните инспектори на Министерството за трговија во претходните денови открија нелегално производство на фалсификувани хемикалии за домаќинство, детергенти и шампони од брендот „Проктер и Гембл“, како и како фалсификувани бисквити „плазма“ со кои се спречи употребата на фалсификувани производи, а во исто време е избегната потенцијална опасност по здравјето на нашите граѓани, изјави денеска српскиот министер за трговија Томислав Момировиќ.
„Во добро испланирана и координирана акција со припадници на МВР и Основното обвинителство од Нови Сад, извршен е увид и инспектори влегле во нелегално производство на повеќе локации во Нови Сад и во Белград. Во таа прилика е пронајдена и одземена поголема количина фалсификувани производи од кои 2.021 кондиторски производи, 205 хемиски производи за домаќинството, меѓу кои детергенти за садови, детергенти за перење и средства за лична хигиена, над 11.000 амбалажи за кондиторски производи и хемикалии за домаќинство, 2620 буриња 120 литри суровини за правење течен детергент за садови и алишта, огромен број на декларации, налепници и баркодови подготвени за лепење на пакувањето и ставање во промет“, рече министерот Момировиќ, пренесува „Блиц.рс“.
Момировиќ додаде дека во Белград е во тек увид, кој се однесува на контрола на печатницата што правела амбалажа за фалсификувани кондиторски производи, при што припадниците на МВР одзеле лаптоп, компјутер и мобилен телефон.