Нови скандалозни снимки излегоа во јавност од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кои сериозно ја потресоа светската јавност, за коментарите кон поранешните фудбалери на „кралевите“, па во најновиот дел што го објави „Ел Конфиденсијал“, сега на мета е Кристијано Роналдо.
Перез на снимките ги оговара и жестоко ги плука буквално сите, а сѐ почна со објавените снимки во кои први на мета му се Раул Гонзалез и Икер Касилјас, за кои вели дека се „измама на векот“, па продолжи со оговарање на бившата сопруга на Касилјас, Сара Карбонеро, а сега првиот човек на мадридскиот великан вели – Роналдо е болен идиот.
„Кристијано е луд! Тој човек е болен идиот. Мислите дека е нормален? Не може да биде нормален, кога работи сѐ што работи“, вели Перез.
Втор на мета му е Жозе Мурињо, за кој вели дека е – ненормален.
„Кристијано и Мурињо се личности со големо его. Двајцата се размазени и одбиваат да ја прифатат реалноста. Да се поинакви може да заработат уште повеќе пари. Мурињо е ненормален“, потенцира Перез.
Трет во најновиот дел од скандалозните аудио снимки е Фабио Коентрао, екс-португалскиот репрезентативен бек.
„Коентрао е морон. Човекот вози автомобил без возачка дозвола. Обично го*но“, додава Перез.
Првиот човек на „кралевите“ вчера со соопштение објави дека сѐ што излезе е извадено од контекст, а муабетот е сниман многу одамна од новинар, кој досега неуспешно се обидувал да ги продаде тајно снимените снимки, но сега сето тоа излегува во јавност поради инволвираноста на Перез во проектот Суперлига.
Florentino, en bruto (III): "Cristiano es un imbécil y Mourinho, un anormal" https://t.co/1lDyUpHIPA
— El Confidencial (@elconfidencial) July 14, 2021