Државниот завод за статистика денеска соопшти дека просечната месечна исплатена нето плата по вработен во октомври годинава изнесувала 22.213 денари.
Ова е зголемување за 2,3 отсто во однос на истиот месец минатата година.
Зголемувањето на нето платата се должи, пред се, на зголемувањето во секторите: Уметност, забава и рекреација (34.2%), Административни и помошни услужни дејности (9,3 отсо) и Други услужни дејности (8,3 проценти).
Зголемување на просечната месечна нето плата во однос на септември годинава е забележано и во секторите: Градежништво (3,6 отсто), Рударство и вадење на камен (3,6 отсто) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,1 отсто).
Бруто платата во октомври годинава била 32.597 денари што е или 2,4 отсто повеќе од октомври 2014-та.
Во октомври 2015 година, 1,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.