Во пресрет на празниците, телекомуникацискиот оператор ОНЕ ја збогатува својата припејд понуда со уште една неодолива промоција.
Од 3 декември, промотивно и единствено во ОНЕ, сите припејд корисници на ОНЕ и ЏаБест добиваат можност да зборуваат слободно и без ограничувања со 2 милиони луѓе во Македонија.
Едноставно, со новиот неделен пакет на ОНЕ, припејд корисниците можат да зборуваат неограничено кон сите национални фиксни и мобилни мрежи во Македонија за неделна претплата од само 79 денари и 2,9 денари за воспоставување на повик.
ЏаБест корисниците и понатаму зборуваат бесплатно со сите броеви од ЏаБест друштвото, а новиот неделен пакет ќе им овозможи неограничени разговори и кон сите останати мрежи во Македонија.
Неделниот пакет е достапен за сите припејд корисници на ОНЕ и ЏаБест и истиот може да се активира со п овик на бесплатниот број 1460, СМС порака на бесплатниот број 181 со текст KON SITE START и/или с о повик на 181, во центарот за грижа на корисници на ОНЕ.
Промотивниот неделен пакет на ОНЕ е вистинско претпразнично освежување за сите припејд корисници на ОНЕ и ЏаБест кои во неделите што следат ќе уживаат во долги и опуштени разговори.