Како што јави БТА, камионот што превезувал чакал, се запалил на еден шумски пат во близина на пограничното село Резово.
Пожарот избувнал во возчката кабина на камионот и делумно ја оштетил каросеријата на возилото. По гаснењето на пожарот, полициските тимови под подот на каминот откриле специјално изработен бункер во кој биле сокриени мигрантите.
Полицијата соопшти дека мигрантите илегално влегле на територијата на Бугарија.
По избувнувањето на пожарот возачот на камионот побегнал од местот на настанот и полицијата трага по него.
Причините за пожарот засега на се познати.