Во „Пандора документите“ и сопственици на две оф-шор фирми од Македонија

Завчера Меѓународниот конзорциум на истражувачко новинарство (ICIJ) ги објави „Пандора документи“, збирка од околу 12 милиони документи, кои отктриваат дека светски лидери, милијардери и ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании.

Според мапата на веб-страницата ICIJ има и две оф-шор фирми на сопственици од Македонија.

Засега нема информации кои се тие сопстевниците и фирмите, а од ICIJ најавија дека постепено ќе ги објавиуваат документите.