Во главниот град на Парагвај, Асунсион, се евакуирани околу 150 илјади луѓе поради поплавите предизвикани од повеќедневните обилни врнежи, соопштува агенцијата АФП.
Владата на Парагвај соопшти дека 30 илјади семејства морале да бидат раселени по излевањето на реките Парагвај и Парана.
Евакуираните, кои се сместени во воени објекти, беа посетени од претседателот на државата Орасио Картес им вети помош.
Жителите кои се во моментов раселени велат дека водата брзо надошла и луѓето не можеле многу работи да понесат со себе.
Дел од жителите кои одбиле да бидат евакуирани поради стравот од кражби во нивните домови.