Првпат по речиси два месеца, лекарите во Пекинг пријавија еден случај на зараза со новиот коронавирус, соопшти во четвртокот на прес-конференција заменикот на челникот на градскот округ на кинеската престолнина Ксиенг, Моу Џианхонг.
Последниот случај на инфекција во Пекинг беше потврден пред 57 дена. Најновиот случај е забележан кај 52-годишен маж, кој живеел во областа Ксиченг, западно од Пекинг. Тој во средата со зголемена температура се јавил во подрачната болница а имал и други симптоми, но немал кашлица, болки во грлото и во градите.
„Во моментов мажот е под лекарско набљудување, како и членовите на неговото семејство. Се спроведува епидемиолошка истргата во западниот дел на Ксиченг, за да се утврди патот на пренесувањето на инфекцијата“, рече Џианхонг.
Истакна дека во текот на изминатите две седмици, заразениот маж не патувал надвор од Пекинг и немал блиски контакти со луѓе кои во кинеската престолнина допатувале од други региони на земјата.
Шефот на пекиншкиот Центар за контрола и превенција на болестите, Пан Ксинхо, истакна дека овој случај потсетува дека веројатноста од зарази во Пекинг сѐ уште постои, како и дека треба да се земе предвид сериозноста, сложеноста и непредвидливоста во сферата на превенцијата и контролата на ширењето на болест во главниот град на Кина.
Градските власти на Пекинг во услови на значително подобрување на епидемиолошката ситуација во градот од 6-ти јуни го симаа на трето ниво одговорот на итни случаи во јавното здравство, воведени поради епидемијата од коронавирусот. Првото ниво, од вкупно четирите, беше воведено на 24-ти јануари а на 30-ти април симнато на ворото ниво.
По новото намалувње на примената на рестриктивнтие мерки во Пекинг, постепено ќе се отстрануваат ограничувањата за групниот туризам, која е исклучително популарен во Кина, што досега е овозможено само за туристите кои доашаат од регионите со низок ризик. Туристичките патувања во странство сѐ уште не се дозволени, а истовремено на сила е 14-дневнито задолжителен карантин и задолжителен тест на коронавирусот за оние кои ќе допатуваат од странство.