Во Пенсилванија е прогласена вонредна состојба поради снежната бура, соопшти потпретседателот на САД, Џо Бајден, кој е во посета на државата. Овој потег ќе им помогне на државните власти да се справат со обновувањето на електричната енергија. Стотиците илјади се’ уште се без електрична енергија, пишуваат локалните медиуми.
Во екот на снежната бура од средата во мрак се околу 849.000 жители. Нивниот број потоа се намали до 436.000 во текот на вчерашната ноќ. Властите предупредуваат дека целосното обновување на електричната енергија може да потрае неколку дена.