Во петте пресудни држави разликата меѓу Трамп и Бајден помала од еден отсто

Разликата меѓу кандидатите на американските претседателски избори во клучните сојузни држави во петокот утрото дополнителони се намали и Доналд Трамп и Џо Бајден едниот на другиот му се приближија на помалку од еден отсто во Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Невада и Аризона.

Во Пенсилванија, каде што во водство е Трамп со околу 18.000 гласови од 95 отсто пребројани гласачки ливчиња, разликата меѓу кандидатите е 0,3 отсто.

Во Џорџија разликата во полза на Трамп е малку повеќе од 1.700 гласови од 99 отсто преброен избирачки материјал и кандидатите се израмнети во процентот и двајцата имаат по 49,4 отсто од глаовите.

Во Северна Каролина Трамп води со 76.700 гласови од 94 отсто преброени гласови и ома предност од 0,4 отсто.

Во Невада Бајден е во водство со 11.500 гласови од 84 отсто преброени гласови, и водство од 0,9 отсто во однос на Трамп. Во Аризона Бајден има предност од 46.000 гласови или 0,6 отсто предност пред Трамп од 90 отсто преброени глсачки ливчиња.

Во текот на ноќта Американската поштенска служба по налози на локални содуви ги пребаруваше своите складишта во овие сојузни држави за да ги издвои гласовите добиени по пошта заклучно со денот на изборите и да ги проследи до изборните комисии.

Една од жалбите на изборниот штаб на републиканците беше дека покрај тоа што на нивните набљудувачи им било оневозможено да присуствуваат на пребројувањето на дописните гласови, и дека многу од нив иако пристигнати вон законскиот број биле броени. Познато е дека демократите инсистираа на гласањето преку пошта и тоа годинава беше рекордно, а републиканците се противеа предупредувајќи дека освен големата можност за манипулации со овие гласови тие ќе го задоцнат многу прогласувањето на конечниот исход.

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, според процените на американските медиуми, води во бројот на електроските гласови со 253 или 264 електори, зависно од процената на медиумите дали ја освил Аризона или не. Републиканскиот кандидат Доналд Трамп, пак, главно во анкетите има 214 електорски гласови. За победа на американските претседателски избори потебни се 270 електори.

Бајден во четвртокот вечерта повика на мир и трпеливост. „Демократијата понекогше е неуредна и понекогаш бара малку трпение. Но немаме соменвање дека по пребројувањето на сите гласови сенаторката Харис и ја ќе бидеме прогалсени за победници“.

Веднаш по него Трамп на прес-конференција во Белата куќа ги обвини демократите дека се обидуваат да му ја украдат победата, и дека тој победил на претседателските избори, доколу се земат предвид само „законските гласови“. Неговото незадоволство потекнува од тоа што неговото солидно водство во финишот на пребројувањато на гласовите, особено по додавањето на гласовите по пошта почна да се топи.

Доколку ги броите само легалните гласови, јас лесно победив“, рече Трамп опкружен со новинарите кои потоа немаа можност да поставуваат прашања зашто претседателот се повлече.

„Нашата цел е да го заштитиме интегриретот на изборите и нема да дозволиме да ги украдат. Нема да дозволиме да сезамолчуваат нашите гласачи“, релд Трамп појаснувајќи го поднесувањето на барањата на неговиот изборен штаб и на Републиканската партија да е прекине броењето на гласовите или да се пребројат.

Трамп остана упорен во оцената дека броењето на гласовите преку пошта, при што на републиканските набљудувачи на многу места не им бил дозволен пристапот, започнало со корупции и измами по што почна да го губи водството како што покажуваа првичните извештаи по почетокот на сумирањето на резултатите.

„Нашите бројки чудесно и мистериозно исчезнуваа“, рече Трамп.