Таканаречениот „крал на кокаинот“ и едно од најбараните лица во Британија е уапсен во Бугарија. Бенџамин Мекан (32) е уапсен во понеделникот во хотел во градот Пловдив. Со себе имал лажен и вистински пасош, но на туѓо име.
Локална полиција го обвинува дека организирал заговор за испорака на повеќе килограми кокаин во 2020 година користејќи шифрирани мобилни телефони, пишува Дејли Мејл.
Се сметаше дека Мекан се крие во Барселона, но властите влегоа во Бугарија по заедничка операција на британската национална агенција за криминал (NCA), бугарската полиција и шпанската цивилна гарда.
Мекан сега е во притвор во Бугарија и чека екстрадиција назад во ОК. Максималната казна за набавка на дрога од класа А е доживотен затвор.
Мекан е на Крајмстоперс листата од 12 најбарани луѓе во Британија. Петмина од нив се уапсени.
Стив Рејнолдс, регионален менаџер на NCA во Шпанија, рече дека „апсењето на Бенџамин Мека е овозможено по напорната работа на меѓународни офицери за врски, тимот за бегалци од Цивилната гарда, бугарската полиција и колеги во бугарската Дирекција за меѓународна соработка”.
„Мекан е петтиот бегалец кој е уапсен од листата на најбарани. Нема да застанеме додека другите не бидат фатени“, додаде Рејнолдс.