Во Полска ќе има 10.000 американски војници, близу границата со Украина

Повеќе десетици американски падобранци пристигнаа во средата на аеродромот Режов, во рамјките на дополнителното распоредување на неколку илјади војници кои треба да го зајакнат источното крило на НАТО во близина на границите со Русија со изговор во украинската криза.

Репортерите на францската новинска агенција AFP известуваат дека војниците излегувале од воен транспортен авион од типот „Boeing C-17“ и велгуваат во автобуси на аеродромот, стотина километри од границата со Украина.

Друга група од десетина војници влегла во два хеликоптера од типот „Black Hawk“ коишто набрзо полетале. Забележани се и два хеликоптера од типот „Chinook“.

Оклопни возила, воени камиони, контејнери и десетици други војници можело да се забележат во кампот поставен во конференцискиот центар наспроти аеродромскиот терминал и околу него, се додава во информацијата.

„Сѐ уште не знаеме, колку оваа мисија ќе потрае“, рекол за AFP нарденик кој стражарел во кампот и не сакал да го открие својто идентитет.

Припадниците на 82-та воздупно-десантна дивизија стационирана во американската сојузна држава Северна Каролина пристигнуваат од 5-ти февраури на аеродромот во близина на селото Јасионка.

САД објавија дека планираат привремено да прекомадуваат дополнителни 4.700 свои војници во Полска, која е членка на НАТО и ЕУ, како одговор на наводното руско трупање војници во близина на руско-украинската гранциа. Со тоа засилување, бројот на американските војници во Полска се искачува на 10.000 лица.

Генерал-мајорот Крис Донахју изјави за новинарите на почетокот од распоредувањето дека американските војници ќе го „бранат, долку биде потребно“, кој и да е дел од НАТО“.

„Ова распоредување е мерка на претпазливост за заеднички да се спречи секој воен план. Тоа има одбранбен карактер“, истакна тогаш Донахју.