Противпожарна екипа од Тетовo успеалa да го локализира пожарот, спречувајќи проширување на другите објекти.
Ни јавија за пожарот и со специјални џипови стигнавме за 40 минути. Патот беше прооден. Интервениравме повеќе со ПП апарати, затоа што горе е над – 20 степени и водата замрзнува. Успеавме да го локализираме пожарот, изјави Ука Алити командир на ТППЕ Тетово.
Командирот Алити, апелира граѓаните да внимваат какви и како ги користат грејните тела во овој период од годината. Можеби нивно неправилно користење доведува до пожари, додава тој .