Во пожари во Калифорнија изгореле 600 куќи

Најмалку 585 куќи, како и уште стотина други објекти изгореле во пожари кои веќе со денови беснеат во Калифорнија.

Прогласена вонредна состојба

Властите на Калифорнија прогласија вонредна состојба, а илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Едно лице загина, а 13 илјади се евакуирани

Во овие пожари животот го загуби најмалку едно лице, а 13.000 луѓе се евакуирани. И натаму се загрозени околу 9.000 објекти во област на околу 80 км западно од Сакраменто.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани над 2.300 пожарникари, а четворица се повредени.

Пожарот изби во саботата попладне по локално време и се прошири во рок од неколку часа.