етириесет и три стари, болни и изнемоштени лица на 26 избирачки места во Преспа денеска го остваруваат правото на глас на седмите претседателски избори, што ќе се одржат утре.
Претседателот на Општинската изборна комисија Кирил Тански за МИА информира дека се е подготвено за претстојните претседателки избори и оти 16.649 жители на Преспа ќе имаат можност да гласаат на 50 избирачки места.
Во моментот вршиме примопредавање на материјалот. Засега нема никакви проблеми, се надевам на мирен изборен ден и утре. Подготвени сме и сите избирачки места ќе бидат отворени во 7 часот, изјави Тански.