Во Прилеп воведен нов сообраќаен режим поради „Пиво Фест“ 

Од денес, 12 –ти јули до 18-ти јули, во Прилеп, поради потребите на Пиво – фестот 2022, се воведува нов сообраќаен режим во централното градско подрачје.

За сите оние кои планираат да го посетат Прилеп овие денови, но и за прилепчани кои сакаат да ги користат своите автомобили, поради организирање на манифестацијата „Пиво фест“ и поставување и монтирање на штандовите на пиварниците и угостителите , во наредните 7 дена, почнувајќи од денеска, дел од Булеварот „Гоце Делчев“ од крстосницата со ул. „Кузман Јосифоски“ до крстосницата со ул. „Прилепски Бранители“ ќе биде затворен, а сообраќајот ќе се пренасочи кон околната улична мрежа.

Воедно, оние кои пак планираат да го посетат фестивалот на пивото и скарата од другите градови во четирите фестивалски денови, обезбедени се над 12.000 паркинг места. Цената на дневниот билет за паркинг простор ќе изнесува 80 денари, од која Советот на Општина Прилеп едногласно донесе одлука 30 денари, да одат за хуманитарни цели.