Во Приштина ранет Азем Власи

Косовскиот адвокат и некогашен близок соработник на Јосип Броз Тито, Азем Власи утрово е ранет со изтрели од огнено оружје во близина на неговиот дом во Приштина, јавија косовските медиуми.

Радиотелевизија Косово (РТК) пренесува дека Власи е ранет во раката и дека е надвор од животна опасност.

Косовската полиција потврди дека е пукано во Власи и дека инцидентот се случил утрово околу осум часот.

Мотивите за нападот се уште не се познати.