Во просек 15 отсто од 210 милиони жители во Бразил имаат антитела на коронавирусната болест Covid-19, покажува истражувањето од кое резултатите беа објавени во средата а го спровеле Државната фондација за истражувања (Fapesp) и Федералниот универзитет Сао Паоло (Unifesp).
Студијата е спроведена во периодот од јануари до крајот на април годинава, кога бројот на заразените со коронаворусот во Бразил беше висок. Истражувачите притоа откриле дека новот на антителата многу се разликуваат низ целата земја.
На пример, во североисточната сојузан драва Сеара 9,89 отсто од луѓето имале антитела, во споредба со 31,4 отсто во северната држава Амазаонас, на коајшто тешко влијаела епидмијата, па дури и се појави нов локален сој позната како P1.
„Овие резултати покажуваат дека во епидемијата постојат многу просторни варијацији. Имаме неколку епидемии, а не само една во Бразил“, вели водечкиот истражувач и професот на Универзитетот Сао Паоло, Марсело Буратини.
Присутноста на антителата на Covid-19 сугерира дека лицето во одрен момент веројатно било заразено со коронавирусот, а може да значи и дека има одреден имунитет.
Со истражувањето биле опфатени 120.000 луѓе во 113 општини ширум Бразил, во периодот од 25-ти јануари до 24-ти април.
„Помалку од еден отсто од испитаниците рекоа дека ја примиле вакцината, а речиси никој од нив на ги добил двете дози“, вели Буратини.
Бразил е тешко погоден во пандемијата на коронавирусот, и со повеќе од 450.000 смртни исходи е втората земја на светот по САД со најголем број починати. По месеците негирање за сериознота на коронавирусот, претседателот Жаир Болсонаро беше жестоко критукуван поради начинот на кој управуваше во текот на епидемијата и порди бавното и невооедначено воведување на вакцините, па и политизирање во однос на потеклото на произведувачите.