По пукањето во баптистичката црква во Сатерленд Спрингс, во американската сојузна држава Тексас, нејзиниот гувернер изјави дека има 26 мртви но дека бројката може да се зголеми, а претседателот Доналд Трамп од Јапонија го осуди ова „страшно“ злосторство.
„Во оваа фаза имаме 26 животи кои се загубени. Не знаеме дали оваа бројка ќе расте“, изјави гувернерот на сојузната држава Тексас, Грег Абот, на прес-конференцијата, зборувајќи за „најголемото масовно убиство во историјата“ на неговата држава.
Дваесетина лица се ранети. Жртвите се на возраст од 5 до 72 години. Меѓу нив е и 14-годишната ќерка на пасторот на Првата баптистичка црква во Сандерленд Спрингс, 40 километри оддалечен од Сан Антониот, во јужниот дел од Тексас, изјавил за телевизиската мрежа ABC News. Пасторот не бил во црквата во времето на нападот.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој престојува во Јапонија, на вториот ден од својата азиска турнеја, го осуди овој „страшен“ масакр.
„Срцата ни се скршени. Во солзи и болки, да бидеме силни.. Овој сотонски чин е изведен додека жртвите и нините семејства биле во нивниот храм“, изјави огорчено Трамп во Токио.
Напаѓачот носел јуришна пушка и непробоен елек, соопшти началникот на тексашката полиција, Мартин Фримен. Додеда дека идентитетот на осомничениот не е „сигурно потврден“. Станува збор за „млад белец во двасесеттите“ кој бил „облечен во црно“. Успеал да побегне, но подоцна е пронајден мртов во својот автомобил. Не се знае дали се убил или некој пукал во него.
Мотивите за нападот засега не се познати. Американските медиуми пишуваат дека напаѓачот е поранешен војник, 26-годишниот Девин Пи Кели, кој бил отпуштен од воздухопловните сили по постапка на воен суд во 2014 година, а во 2012 година бил обвинет за напад врз жената и дете. Живеел во предградие на Сан Антонио.
Пукањето се случи на осумгодишнината од масакрот во воената база Форт Худ во Тексас од 5-ти ноември 2009 година, кога воениот психијатар Нидал Хасан уби 13 луѓе, за што беше осуден на смртна казна чиешто извршување уште го чека.
Во САД секоја година во огнено оружје загинуваат повеќе од 33.000 луѓе, меѓу кои 22.000 кренале рака на себе, покажува една ноедамнешна студија. Расправата за законот за носење оружје, која е многу помирлива, се поведува секоја година по секое масовно пукање. И покрај тоа, малку конкретни мерки се преземаат за сузбивање на ваквите појави, главно поради влијанието на моќното лоби на Националната пушкарска асоцијација (NRA).