Во Радовиш почна да се гради градски пазар, капитална инвестиција во вредност од 2 милиони евра. На означување на стартот на проектот, присуствуваше и лидрот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Очекувам луѓето кои што ќе бидат корисници на овој објект навистина да бидат задоволни од условите кои што ги нуди, од она кое што можев да го видам станува збор за европско здание.
Очекувам дури и побргу од рокот да биде завршено така што посакувам уште многу објекти вакви, капитални да се реализираат со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ убеден сум дека поинтензивно ќе се градат поголеми капитални објекти. Општина Радовиш тоа го заслужува како што кажа и градоначалникот тоа што е домашна задача на општина Радовиш е завршена работа, но за жал имајќи го во предвид карактерот на владата на СДСМ и ДУИ до сега притисоците и неинвестирањето во општините каде што имаме градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си го прават своето.
Но, добрата вест е што за неколку месеци од денеска оваа криминална влада ќе биде минато, доаѓа влада на народот, влада која што ќе инвестира насекаде во Македонија и овде во Радовиш но и секаде во сите општини без разлика од која политичка партија доаѓа градоначалникот или е независен и така натаму.
Уште еднаш посакувам среќа, со успех да се користи и уште многу вакви проекти да се реализираат“, посочи Мицкоски.
Ова е првата капитална инвестиција која што ќе биде една од многуте кои што следуваат. А, градскиот пазар ќе биде лоциран на локацијата каде што беше стариот градски пазар. Тој ќе биде на површина од околу 4.500 квадрати. Внатре ќе има многу површини, ќе има деловни простории, ќе има градски зелен пазар, ќе има простории за продавање и на други производи.
Меѓутоа, посебната интересна намена е што истиот објект ќе биде и катна гаража.
Значи имаме двонаменски објект кој што ќе остане во центарот на градот за користење, за организирање и на манифестации, меѓутоа пред се ќе биде наменет за размена на земјоделски производи, она што радовишани на ова поднебје како земјоделски град го бара и еве сега конечно ќе го овозможиме. Да биде културно место, чисто, хигиенско, и се во корист на оние кои што ќе го користат, а тоа се земјоделците и граѓаните на општина Радовиш. И не само на општина Радовиш бидејќи знаете дека ние сме опкружени со општини кои што се претежно земјоделски населби и сите тие ќе си најдат свое место овде пласирајќи ги своите производи, правејќи трговија, развивајќи го земјоделието.
Така да еве од денеска формално почнува градбата, изведувачот е фабрика „Карпош“ од Скопје, инвестицијата е околу два милиони евра. Предвидениот рок за изградба е 6 до 9 месеци и се надеваме дека многу брзо ќе дојдеме и на отворање на овој објект, кој што за радовишани ќе значи многу како за развојот и локалната индустрија и градежништво во меѓувреме малку ќе заживеат бидејќи овде ќе бидат ангажирани многу подизведувачи и многу добавувачи на материјали и се она што значи градба. Вие знаете дека градбата е секогаш носител на развојот на една општина и на едно поднебје и ние мислиме дека со ова ќе направиме вистински потег.
Ацо Ристов, градоначалникот на општина Радовиш, кажа дека тоа е првата капитална инвестиција, една од многуте кои што следуваат.
„Градскиот пазар ќе биде лоциран на локацијата каде што беше стариот градски пазар. Тој ќе биде на површина од околу 4.500 квадрати. Внатре ќе има многу површини, ќе има деловни простории, ќе има градски зелен пазар, ќе има простории за продавање и на други производи. Меѓутоа, посебната интересна намена е што истиот објект ќе биде и катна гаража.
Значи имаме двонаменски објект кој што ќе остане во центарот на градот за користење, за организирање и на манифестации, меѓутоа пред се ќе биде наменет за размена на земјоделски производи, она што радовишани на ова поднебје како земјоделски град го бара и еве сега конечно ќе го овозможиме. Да биде културно место, чисто, хигиенско, и се во корист на оние кои што ќе го користат, а тоа се земјоделците и граѓаните на општина Радовиш. И не само на општина Радовиш бидејќи знаете дека ние сме опкружени со општини кои што се претежно земјоделски населби и сите тие ќе си најдат свое место овде пласирајќи ги своите производи, правејќи трговија, развивајќи го земјоделието“, посочи градоначалникот.
Изведувачот на градежните работи е фабрика „Карпош“ од Скопје. Предвидениот рок за изградба е 6 до 9 месеци.