Двајца Американци и еден Британец, припадници на странските воени сили во Ирак, загинале во средата вечерта коај десетина проектили паднале врз ирачката воена база Таџи, северно од главниот град Багдад, потврдил неиуменуван американски воен функционер.
Во нападот се ранети десетина лица, рекле воени извори. Првично беше соопштено дека во ракетирањето нема настрадани.
Десетина проектили паднале во средата врз воената база близу Багдад во којашто се стационирани американски војници. Станува збор за 22-от напад врз американски цели и интереси од крајот на октомври, наведе ирачката воена команда.
Засега никој не ја пезема одговороноста за нападот, за кој Вашингтон ги обвинува шиитските вооружени милиции во Ирак, кои блиски на Иран.
Командант на шиитските ирачки милиции заменик-командантот на ирачката шиитска милиција, Абу Махди ал-Мухандис, беше убиен во американски воздушен напад на 3-ти јануари на аеродромот во Багдад чија главна цел беше иранскиот воен командант Касем Сулејмани.
Штабот на оперцијата „Непоколеблива решителност“, на меѓународната коалиција предводена од САД во Ирак и во Сирија, ги потврди информациите за ракетниот оган врз базата Таџи, објави на Twitter портпаролот на коалицијата, полковникот Мајлс Кагинс, според кој повеќе од 15 мали проектили паднале на територијата на базата.
„Коалицијата потврдува дека на 11-ти март во 19,35 часот по ирачко време повеќе од 15 мали ракети паднаа на територијата на базата Таџи во Ирак, каде се распоредени сили на коалицијата. Во тек е процена на штетите и истрага“, додава во објавата Кагинс.
Базата лоцирана во пшровинцијата Салах ал-Дин повеќепати беше ракетирана од почекот на годинава, како одговор на воздушниот напад на американските сили од 29-ти октомври минатата година врз кампот на шиитската групација Ал-Хашд ал-Шааби во драдот Ал Каим во близина на границата со Сирија. Тогаш беа убиени 27 шитиски борци.