![renova](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/renova.jpg?resize=640%2C487&ssl=1)
Ренова вчера објави дека четворица членови кај нив имаат Ковид-19, тројца фудбалери и еден административец, а сега позитивен на новиот вирус е и економот на клубот. Зголемувањето на бројот е поради тестот што новозаболениот го направил подоцна, па денеска биле добиени резултатите. „Гипсарите“ вчера со соопштение објавија дека имаат заразени и дека од овој момент здравјето им е најважно и дека баш им е галје за продолжението на сезоната, кое го форсира ФФМ со глупавото сценарио што го изгласа Управниот одбор во петокот. Ренова од вчера е во карантин додека не добијат насоки од ФФМ и Институтот за јавно здравје, а денеска после овие случувања и Македонија ЃП, каде нема заразени, исто така ги прекинаа тренинзите
Досега во Македонија, во два клуба има Ковид-19, покрај Ренова и во Шкендија, која објави дека двајца нивни членови се заразени, додека претходно пет клубови беа „корона-фри“ од тестирањата. Денеска се тестираше Вардар, но зачудувачки Шкупи и Струга Трим Лум ги одбиле тестирањата што ги спроведуваше синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ) со образложение дека – не верувале во резултатите.