Во рестораните и кафулињата се заразуваат најмногу луѓе и тоа поради …

Бројот на заболени од коронавирусот во целиот регион секој ден е се поголем, додека бројот на заболени во Србија е троцифрен, па Др. Предраг Кон за денешна Политика дал препорака како треба да се однесуваме и објаснил зошто кафулињата и рестораните во Србија работат до 23 часот.

-Забраната за нивна работа после 23 часот е многу јасна. Дали ќе има уште поголемо скратување на нивното работно време зависи од развојот на ситуацијата. Не можам да зборувам во име на Кризниот штаб уште кои мерки би можеле да се воведат, но верувам дека и за тоа ќе стане збор. Мој став е дека неопходно е што помалку да се биде на места каде е можно пренесување на вирусот, а тоа се кафулињата и рестораните и другите затворени простори. Во кафуле или ресторан треба постојано да се носи маска. Докажано е дека зголемен е ризикот од заболување со корона во моментот кога се конзумира нешто, на пример, храна- тврди Кон.