Во Рим откриена глава од скулптура на древно божество

Foto tratta dal profilo Fabebook di Virginia Raggi RIPRODUZIONE RISERVATA © Copyright ANSA

Археолозите во близина на римскиот Колосеум откриле невообичаено добро зачувана глава на древна римска скулптура, објави градскиот совет на италијанската престолнина.

Во соопштението од петокот се наведува дека белата мермерна глава според своите димензии е малку поголема од вистинска човечка глава и оти датира од императорскиот период кои трае од околу првиот век пред до третиот и четвртиот век од нашата ера.

Археолозите веруваат дека поради иконографските карактеристиките, главата прикажува божество, но засега не е растајнето од кој пол. Во првичното соопштение беше наведено за „божица“, меѓутоа стручњаците од Археолошкиот парк на Колосеумот се во дилема околу ваквото тврдење.

Во подоцнежното соопштение на Градскиот совет на Рим се наведува дека главата би можела да претставува „млад и жествен“ приказ на Дионис или Бахус, грчко-римскиот бог на виното, екстазата и плодноста.

Главата е откриена во средновековен ѕид на улицата „Алесандрна“, која е речиси паралелна на авенијата „Виа деи Фори Империал“, којашто води до Колосеумот.

Римската градоначалничка Вирџинија Раги на својот профил на Facebook рече дека станува збор за „извонредно“ откритие и истакан дека „Рим секојдневно изненадува и ги поттикнува емоциите“.