Британската индустриска групација „Rolls-Royce“ објави во петокот дека примила 2,9 милиони фунти, односно 3,3 милиони евра од британската вселенска агенција за развој на помали нуклеарни реактори потребни за работа на идните базни станици на Месечината.
„Научниците и инженерите на Rolls-Royce работата на програмата за микро реактори за да развијат технологија којашто ќе ја осигурува потребната енергија за луѓето коишто ќе живеат и работат на Месечината“, се наведува во објавата на компанијата.
Групацијата предвидува дека првиот реактор, со големина колку едно возило, ќе биде подготвен за испраќање на Месечината до 2029 година.
Педесет години по последната мисија „Apollo“, американската агенција за вселенски истражувања NASA на почетокот од март објави дека мисијата „Artemis 2“ ќе понесе астронаути околу Месечината во ноември 2024 година. Мисијата „Artemis 3“, којашто астронаутите да ги спушти на површината на Месечината, официјално е планирана за 2025 година.
NASA и компанијата „Axiom Space“ во средата во Хјустон во Тексас го претставија прототипот на новата вселенска комбинација.
„Нуклеарната енергија има потенцијал во голема мера да го зголеми траењето на идните месечеви миси и нивната научна вредност“, велат од „Rolls-Royce“ коишто ќе соработуваат со неколку британски универзитети, а меѓу нив и Оксфорд.
На финансискиот прилог најавен во петокот треба да се додаде и сумата од 249.000 фунти кој Британската вселенска агенција ја додели во 2022 година. Новата транша за финансирање на проектот ќе овозможи прва демонстрација на месечев модуларен реактор.
Покрај тоа, во „Rolls-Royce“ развиваат помали модуларни реактори за производство на струја на Земјата во рамките на плановите на Обединетото Кралство на својата територија да го забрза градењето нови нуклеарни централи.
Британската вселенска агенција зависи од владата и неодамна доживеа неуспех при обидот за лансирање на првата ракета во Вселената од британска територија, која беше монтирана на авионот „Boeing 747“ во рамките на проектот „Virgin Orbit“.
Лансирањето не било успешно поради „неправилност“ која го спречила поставувањето на ракетата во орбитата. Од „Virgin Orbit“ во четвртокот објавија дека привремено ги прекинуваат своите операции.
NASA во јануари најави дека во партнерство со Пентагон ќе развива ракета на нуклеарна енергија, којашто би требала да понесе човечки екипаж на Марс.