Во последните 24 часа во Русија од Ковид-19 умреле уште 491 лице, најмногу во едно деноноќие од почетокот на епидемијата.
Претходниот ден руските здравствени власти регистрираа 361 смртен случај.
Тасс пренесува дека од последниот пресек, потврдени се уште 24.326 новоинфицирани лица.
Од почетокот на епидемијата, во Русија се регистрирани 2.138.828 случаи на коронавирус, а досега умреле 37.031 лице.