Повеќе од 800.000 луѓе во Соединетите држави починале од последиците на зарази со коронавирусот од почетокот на пандемија, според националните податоци на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор, објавени ноќта кон средата.
Интернет страницата на универзитетот редовно се ажурира и вообичаено покажува за малку повисоки бројки од официјалната страница на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC). Така, според податоците на CDC до вторникот од последиците поврзани со коронавирусната болест Covid-19 во САД починале околу 796.000 луѓе.
Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот за „трагичната пресвртница“.
„Се сеќаваме на секое лице кое живееше и се молиме а нивните најблиски кои ги оставија зад себе. Додека влегуваме во зимата и се соочуваме со новата варијанта, мораме да одлучиме заедно да ја продолжиме борбата против вирусот“, додаде Бајден во изјавата.
Ги повика Американците да се вакцинираат или да ја земата „бустер“ дозата и да ги спроведуваат превентивните мерки, како што е носењето маски.
„Ги повикувам сите Американци: исполнете ги родољубивата должност да ја чувате својата земја безбедна, заштитете се себеси и они околу себе“, изјави претседателот.
САД, со 330 милиони жители, пријавија најмногу смртни случаи од Covid-19 во светот. Ги следат Бразил со 600.000 починати и Индија со речиси 500.000, а Мексико и Русија имаат по околу 300.000 починати.
Здравствените стручњаци дека бројот на непријавените смртни случаи е повисок во сите земји, бидејќи многу смртни исходи и случаи на заразата не им се пријавуваат на властите.