Околу 500 случаи на миокардитис се пријавени кај млади луѓе, откако биле вакцинирани против коронавирусот со вакцините направени на новата платформа на „информациска“ РНК (mRNA), иако сѐ уште не е конечно утврдена поврзаноста меѓу срцевото нарушување и препаратот, пренесува телевизискате мрежа Fox News, повикувајќи се на советодневниот комитет на америакснкиот здравствен регулатор CDC.
Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) и другите здравствени регулатори ја истражуваат појавата на воспаление на срцевиот мускул откако на почетокот од јуни израелското министерство за здравство објави дека ја открило можната поврзаност меѓу оваа медицинска состојба кај помладите мажи и вакцинирањето со вакцината на „Pfizer“ против коронавирусот.
Споменатата комисија при CDC, сепак, заклучила дека ползата од вакцината сѐ уште многукратно ги надминува потенцијалните ризици.
„Во моментов достапните податоци укажуваат на можна поврзаност на појава на миокардитис со вакцините mRNA кај адолесценти и млади мажи“, се наведува во заклучокот на техничката работна група за безбедност на вакцините (VaST).
Заменикот директорот за безбедност на имунизацијата при CDC, Том Шимабукуро истакнал дека се регистрирани 484 прелиминарни извештаи за појава на миокардитис и перикардитис кај лица под 30-годишна возраст на 27 милиони аплицирани дози.
Од оваа бројка, 309 лица биле хоспитализирани и речиси сите биле отпуштени по прегледот, а кај речиси 80 отсто веќе исчензале симптомите. Во болниците поради овие проблеми во моментов се хоспитализирани девет пациенти.
„Се чини дека вакцините mRNA може да бидат нов предизвикувач на миокаридотисот“, изјавил Метју Остер од работната грипа на CVC за вакцините.
Миокардитис е воспалително заболување на миокардот, доека перикардитисот е воспалителна лезија на серозна мембрана на срцето.
Слични параметри покажаа и истражувањата преку два система објавени на 10-ти јуни, според кои воспаление на срцевиот мускул кај помлади мажи од mRNA вакцинитe било почестo од очекуваното.
Во САД за употреба се одобрени две mRNA вакцини против коронавируисот. Вакцината на „Pfizer/BioNTech“ е одобрена за деца повозрасни од 12 години, а на „Moderna“ за постарите од 16 години.