Во текот на изминатото деноноќие (24/25.04.2020 година) на територијата на Македонија на 84 лица им се издадени решенија за изолација, а ист број на лица- 84 потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 2.473 контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
По однос на обврската за носење на лична заштита во текот на изминатите 24 часа опоменати се девет лица.