Бомба разнела возило во коешто биле кинески државјани во вторникот на југот на Пакистан, усмртувајќи притоа четири лица и поттикнувајќи загриженост за безбедноста на странските работници во земјата.
Експлозијата одеклната во возилото во кампусот на универзитот во Карачи, додека превезувало кинески професори од Институтот Конфучиј, изјавил началникот на локалната полиција, Мукадас Хајдер.
Меѓу убиените се две жени од кинеска националност и еден маж, рекол Хајдер, додавајќи дека четвртата жртва е нивниот пакистански возач.
Војската за ослободување на Балучистан (BLA) „ја презема одговорнсота за самоубиствениот напад“ врз комбето во близина на кинескиот институт поврзан со универзитетот во Карачи, објави оваа групација на Telegram. Се истакнува дека со овој напад „првпат мисијата ја изведе“ жена самоубиец.
Припадниците на BLA и во минатото изведуваше големи напади врз кинеските интереси во Пакистан. Минатата 2021 година најмалку девет кинески работници кои работеле на проектот на хидроцентралата беа убиени на северот на Пакистан кога бомба која била поставена крај патот погодила автобус кој ги превезувал.
Кинеските компании работата на проектот во вредност од 62 милијарди долари за изградба на мрежа патишта и пруги да ги поврзе своите региони на Ксинџијанг со Арапското Море на северозападот на Пакистан. Проектот треба да претставува најкуса можна рута којашто ги поврзува копното со морето, а којашто на Киена би ѝ овозможил на Блискиот исток, Европа, Африка и пошироко.
Неколку групации, вклучително и исламистички милитанти и локалните сепаратисти, зачестено ги напаѓаат кинеските работници во Пакистан. Ја обвинуваат Кина дека ги следи империјални политики на кражба на нивните ресурси и минерали.
Во Балучистан, кој е истовремено и најнаселената и најмалата покраина во Пакистан, дејствуваат и многу радикални исламистички групи, вклучувајќи ја и глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, секташки екстремни организации, како и локални сепаратисти кои бараат независност.
Покраината Белучистан која излегува на Арапското Море, е богата со гас, нафта и минерали, но сепак е најсиромашна. Од минатото лето повторно се разгоре насилството врз локалното шиитско население, од страна на талибаните и џихадистите од Исламската држава, а владее и локален бунт. Чести цели на нападите се шиитските муслимани и христијаните.
Сепаратистите во Балучистан од 2004 година бараат независност на оваа неразвиена покраина којашто има инаку силен потенцијал за развој. Цел на бутновничките напади се главно припадниците на пакистанската полиција и безбедносните сили.