Неколку илјади учесници се собраа во неделата во Сараево на митинг за поддршка на Палестинците, кој преку социјалните мрежи го организираше неформалната група „Независен собир на младите во Босна и Херцеговина“.
„Нема организација зад нас. Не мора да си муслиман за да сочувствуваш со луѓето во Газа“, рече за новинарите млад човек кој е меѓу организаторите, а се претставил како Јусуф Ел Шаркави.
Демонстрантите се собраа на Башчаршија, а потоа во колона со извици „Такбир“ и „Алаху акбар“ поминаа низ пешачката зона низ стариот дел на градот до центарот.
Во исто време, носејќи ги знамињата на Палестина и БиХ, како и на поранешната Република БиХ, тие повикаа на „запирање на геноцидот“, „ослободување на Палестина“ и крај на израелските напади врз Газа кои следеа по ненадејниот крвав напад на Хамас на 7. октомври.
На 22-ри октомври во Сараево се одржа митинг за поддршка на Палестинците и тогаш привлече значително поголем број луѓе. На собирот во октомври, заедно со пораките за поддршка за Палестинците, беа истакнати постери со антисемитски и антиизраелски пораки, а како и овојпат отсуствуваа осудите за злосторствата на Хамас, поради што тогаш реагираше израелскиот амбасадор во Босна а Херцеговина, Галит Пелег.
„Ако ги поддржувате Палестинците, зошто не го осудувате Хамас“, е прашањето што Пелег им го упати на демонстрантите во Сараево во објава на социјалните мрежи.