Неколку илјади луѓе се собраа во неделата во Сараево на собори за поддршка на Палестина, во организација на палестинската заедница во Босна и Херцеговина.
На платото пред зградата на сараевскиот Совет собраните носеа знамиња на Палестина, тренспаренти на кои беа истакнати изрази за поддршка на Палестинците и осуда на насилствата во Појасот Газа вклучитено и навреди на адреса на Израел кој е споредуван со нацистите.
Меѓу учесниците на соборите се појави и сараевската градоначалничка Бенјамина Кариќ којашто изјви дека со овој собир се вбројуваат на вистинската страна на историјата.
„Ние најдобро знаеме како е да се нема вода, храна и кога децата гинат, Сараево како град беше под најдолгата опсада во модерната историја“, изјви Каријќ пред додавајќи дека Сараево е за мир и сите невини жртви на светот.
Другите говорници повикуваа на „Слобода за Палестина“, бараа моментално запирање на нападите врз Појасот Газа, како и доставување на помош за загрозените цивили во палестинските цивили.