Во семејство со еден ученик, потрошувачката кошница за август е 42.342 денари

Синдикалната кошница за месец август 2021 година изнесува 34 342,00 а зголемена е за 214,00 денари во однос на претходниот за месец јули 2021 година, a доколку во семејството има еден ученик, синдикалната кошница за месец август 2021 година изнесува најмалку 42.342,00 денари.

Најмногу пари треба да се одвојат за храна и пијалоци, 14.633 денари, за домување 10.818 денари. За лична хигиена 2.382 денари, а за превоз минимум се потребни 2.529 денари. За култура 1068 денари и за здравје 736 денари. Анализите на ССМ покажува дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите  стагнираат.

Трошоците на живот се исто така динамични. Според податоците што ги објавува Државниот завод за статистика, најмногу пораст е забележан ка храна и пијалоци со 1,5% и тоа кај зеленчукот 15,8%, сирењето и урдата 1,1% месото 0,9% лебот и житата 0,7% млекото исто така за 0,6% итн.

Посебен товар за граѓаните односно на едно четиричлено семејно домакинство овој месец е и почетокот на учебната година за кој според податоците кои се официјално достапни и изнесени во јавност, родителите треба да одвојат најмалко по  околу 8 000,00 денари по дете кое посетува настава во основно или средно училиште.

Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60% од просечната плата, поради тоа што ниту просечната плата нуту пак две минимални плати не се доволни да ја покријат синдикалната минимална кошница. Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот и цени тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на Синдикалната минимална кошница.

Ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на ѓраганите.

Поради се по евидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека НИ ТРЕБА ПЛАТА ЗА ЖИВОТ со која ние  како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница со  само една плата.