Бројот на починатите од коронавирусот во Швајцарија се зголеми од 197 во петокот на 235 во саботата, објави тамошното министерство за здравство, а бројот на заразените од 12.161 на 13.213 луѓе.
Алпската држава со 8,6 милиони жители ги распоредува своите воено-медицински единции по болниците за да им помогне на загрозените региони, како Тичино на границата со Италија.
Како и другите европски земји, и Швајцарција инјектира големи суми во погоденото национално стопанство на коешто од петокот му се достапни владини кредити во износ од 20 милијарди швајцарски франци.
Министерот за финансии Ули Маурер изјави во саботата дека владата е задоволна што може да помогне со кредити, но јасно истакна дека марите ќе мора да се вратат и дека владата не може да ги надомести загубите во приходите.
„Не делиме сојузни пари, туку пари на даночните обврзници“, истакни Маурер.