Во Швајцарија ќе им платат на питачите засекогаш да ја напуштат земјата

Властите на швајцарскиот кантон Базел-Штад одлучија да платата билет за која и да е земја во Европа за скитниците и питачите, доколку се обврзат никогаш повеќе да не се вратат во Швајцарија, пишуваат во вторникот тамошните медиуми.

Според наводите на порталот 20 Minuten, кантоналните власти се подготвени да обезбедат билет за железница или за авиони, како и 20 швајцарски франци за секој бездомник кој питачи и кој сака да се врати дома. Во замена, потребно е тој да потпише документ во кој се наведува дека лицето нема да се вража во Швајцарија, „барем извесно време“. Неисполнувањето на овие обврски ќе резултираат со директна и итна депортација од земјата.

Се додава дека оваа понуда веќе ја искористило 31 лица, 15 од Романија, седум од Белгија, седум од Германија, две од Италија и едно од Франција. Притоа, државјаните на Романија претпочитале во татковината да се вратат со авион. Поради итоа властите на Базел-Штад на воздухопловната компанија „Wizzair“ по 60 франци за билет.

Изданието наведува дека имало и случаи кога исто лице двапати се јавило за добивење билет, но со различни исправи.