
Од 17 милијарди франци одобрени од швајцарската влада за заеми за Ковид-19 со цел да се спасат бизнисите од банкрот, се сомнева дека 307 милиони франци биле злоупотребени од фирми кои доставиле лажни податоци.
Досега во Швајцарија се поднесени 2.767 кривични пријави поради можна или реална злоупотреба на заеми за Ковид-19. Вкупниот износ на измами може да достигне околу 307 милиони франци, потврди швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO).
Од 2.767 постапки, 708 беа затворени, додека 2.059 пријави за злоупотреба сè уште се истражуваат. Износот на измами во постапките што се завршени е 59,3 милиони, а во оние што се уште се отворени е 247,5 милиони франци.