Во Шведска дозволен собир со палење на Куранот на празникот Курбан бајрам

Шведската полиција го дозволи одржувањето на протестен собир со најава за палење на светата муслиманска книга Куранот пре главната џамија во главниот град Стокхолм на првиот ден од големиот муслимански празник Курбан бајрам, пренесува агенцијата France Presse повикувајќи се на шведското јавно радио.

„Шведската полиција соопшти дека издала дозвола за протест чиј организатор планира да го запали Куранот пред главната џамија во Стокхолм во средата, на почетокот од тридневниот муслимански празник Курбан бајрам“, се наведува во агенциската информација.

Административниот суд во Стокхолм во април го прогласи неосновано одбивањето на полицијата да издаде дозвола за одржување сличен настан пред амбасадите на Ирак и Турција во шведската претолнина. Подоцна Апелациониот суд заклучи дека безбедносните сили немаат доволно основа за забраната.

Според телевизијата SVT СВТ, 30-годишен маж од стокхолмското предградие Еерна има намера да ја спроведе акцијата во близина на џамијата на плоштадот Медборјарплацен попладнето. Полицијата не дала „експресна дозвола за палењето“ светата книга на муслиманите, но во одлуката се вели дека ова е „демонстрација за Куранот“. Во неа, пренесува натаму телевизијата, се наведува и дека истовремено во округот на шведската престолнина во моментов има забрана за горење на отворени површни поради сувото и топло време, а нејзиното прекршување може да резултира со парична казна. Од друга страна, каналот TV4 објави дека службите за спроведување на законот апелирале на зголемена будност во целата земја за справување со можни немири на настанот на денот кога муслиманите го слават еден од нивните најголеми празници – Курбан бајрам.

Во јануари 2023 година, лидерот на екстремната крајнодесничарка партија „Тврд курс“, Расмус Палудан, со данско-шведско потекло, јавно го запали Куранот пред амбасадата на Турција во Стокхолм, предизвикувајќи меѓународен скандал.

Притоа, Палудан жестоко се нафрли врз турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и пркажа карикатура на пророкот Мухамед, што во муслиманскиот свет се доживува како тешка навреда. Анкара, покрај другите спорови со Стокхолм поради одбивањето да ѝ ги предаде лицата по кои трага како припадници на екстремни и терористички организации, по тој инцидент повтори дека нема да го ратификуваш пристапувањето на Шведска во НАТО.

Палење на Куранот во август 2020 година во јужниот шведски град Малме предизвикаа големи безредија во текот на кои дојде до судири и муслиманските демонстранти.