Во Шведска најмалку повеќе починати во 2020-та во Европа

Шведска, којашто не воведе строги мерки на затворање кои го задушија најголемиот дел од светската економија, забележала во минатата пандемиска 2020 година најниско зголемување на стапката на починатите од повеќето други европски земји, покажува анализата на официјалните податоци.

Стручњаците за заразни болести предупредија дека овие резултати не може да се толкуваат како доказ дека рестриктивните мерки и „затворањата“ не се потребни, но признаваат дека тие би можеле да укажуваат на тоа дека шведскиот пристап во борбата против пандемијата на коронaвирусот има предност којашто треба да се проучи.

Германија и Франција изминатите седмици ги продолжија затворањата поради растот на бројот на заразените и високата смртност, што дополнително ќе го забави економскиото закрепнување.

Иако многумина во Европа го прифатија затворањето како мерка на крајна нужда имајќи предводе дека пандемијата нивните национални власти не умееја и не можеа да се стави под контрола со други методи, тоа последните месеци предизвика масовни улични протести со судири со полицијата во Лондон, Амстердам, ширум Германија.

Шведска, од друга страна, се потпре главно на доброволните мерки фокусирани на социјалното дистанцирање, одржување на личната хигиена и насочени прописи благодарејќи на кои училиштата, рестораните и продавниците остaнаа претежно отворени, што силно ги подели граѓаните, но и во голем дел го поштеди стопанството од ударите кои се случија ширум Европа.

Прелиминарните податоци на Eurostat, коишто ги компилирала агенцијата Reuters, покажуваат дека Шведска имала 7,7 отсто повеќе починати во текот на 2020 година од просекот во претходните четири години.

Земјите, пак, коишто имаа неколку затворања, како што се Шпанија и Белгија, имаат таканаречен вишок починати од 18,1 односно 16,2 отсто.

А 21 од 30 земји со достапни статистики имале поголем „вишок починати“ од Шведска. Меѓутоа, Шведска е далеку полоша од своите нордиски соседи. Данска има во 2020 година вишок на смртноста од 1,5 отсто, Финска 1 отсто, а Норвешка вооппшто не забележала зголемен број смртни случаи од вообичаениот просек.

Шведскиот вишок на починати е при дното на табелата во втората анализа на Eurostat и други податоци, коишто минатата седмица ги објави британското Национално биро за статистика. Во оваа анализа, која вклучува прилагодување поради разликата во возрасната структура и сезонскиот морталитет анализирани земја, Шведска е 18-та од 26 земји. Полска, Шпанија и Белгија се на врвот.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, пред пандемијата главно непознат стручњак кој стана меѓународен познат како креатор на шведскиот пристап, изјавил за Reuters дека верува оти овие податоци го доведуваат во прашање за корисноста од „затворањата“.

„Мислам дека луѓето веројатно многу внимателно ќе размислат за целосните затворања, колку навистина биле добри. Тие можеби имале ефект краткорочни, но кога ќе го погледнете целиот период на пандемијата, сѐ повеќе се сомневате“, вели Тегнел, кој за својата работа во пандемијата добиваше и закани со смрт и цвеќиња.

 

Претпазливост и анализа на податоците

Други здравствени стручњаци предупредуваат дека толкувањата на „вишокот“ смртни случаи го следат ризиците на пренабрегнување на клучните варијабили“.

„Сите мораме да бидеме многу претпазливи при толкувањето на податоците за смртните случаи поврзани со Covid-19, од кој и да е извор, ниеден не е совршен“, вело Марк Вулхаус, професор по епидемиологија на заразните болесит од Универзитетот Единбург.

Кит Нил, професор по заразни болести од Универзитетот Нотингем, исто така, советува претпазливост. Наведува низа важни фактори, како што е возрасната структура и општото здравје на популацијата, просечната големина на домаќинствата и дали земјата има сообраќајни јазли во мега-градовите.

Уделот на повозрасните од 80 години во Шведска на почетокот од 2019 година изнесувал 5,1 отсто, помалку од просекот во Европската унија од 5,8 отсто, но еднаков на тој во Обединетото Кралство и поголем отколку во Норвешка и Данска.

Шведската популација воопшто е поздрава од просекот во ЕУ со очекуван животен век од 82,6 години во 2018 година, во однос на просекот во Унијата од 81 година.

Шведската стратегија жестокот беше критикуван и во земјата и во странство дека е невнимателна и дека не ги штити доволно ранливите групи од болеста Covdi-19. Меѓутоа, 43 отсто од Швеѓаните имаат висока или многу вусока доверба во владиниот пристап на пандемијата, а 30 отсто ниска или многу ниска доверба, покажува едно неодамнешно истражување на јавното мнение.

Шведската влада и тамошните здравствени власти признаваат дека не успеале да ја заштитат постарата популација, но истакнуваат дека го сториле тоа што можеле во сузбивањето на болеста, земајќи го предвид општото здравје на популацијата. Во Шведска, со над 10 милиони жители, офиццијално од Covid-19 починале над 13.000 лица, иако некои можеби починале од други причини а не директно од оваа болест.