Шведската државна рударска компанија LKAB во четвртокот објави дека открила минерални извори со повеќе од милион тони ретки оксидирани минерали во областа Кируна, со најголеми познати такви наслаги во Европа.
Ретките минерали се задолжително присутни во многу високотехнолошки производствени процеси и се користат во производството на електричните автомобили, ветротурбините, преносливите електронски уреди, во микрофоните и звучниците.
„Ова е добра вест, не само за LKAB, Кируна и шведскиот народ, туку у за Европа и за климата“, изјави извршниот директор на компанијата Јан Мостром.
Според него, овие резерви би можело да се покажат како „исклучително важен составен дел за производството на клучните суровини кои се апсолутно неопходни за зелената транзиција“.
Ретките земни елементи моментално не се ископуваат во Европа поради комплицираните законски регулативи но главно поради сиромашните наоѓалишта , поради што континентот е зависен од увозот од другите континенти. Во следните годни се очекува голема побарувачка на овие минерали поради вложувањата на електричните автомобили и обновливата енергија.
Европската комисија истакнува дека ретките минерали се едни од најважните ресурси за Европската унија. Големо мнозинство од ретките минерали се ископуваат во Кина, а на ископувањето на овие драгоцени ретки заемни метали во Шведска, сепак, уште долго ќе се чека.
Во LKAB планираат да побараат концесија за експлоатација во текот на 2023 година, но додаваат дека ќе минат 10 до 15 години пред започнување на процесот на ископувања и испораки на пазарите.
Самата Кина сочинува 58 отсто од светското снабдување и повеќето светските преработувачки капацитети, благодарејќи на контролата на интелектуалната сопственост поврзано со процесот и способноста таквите индустриски операции да бидат поевтини, но и „валкани“.
Единствената друга рафинерија на ретките земни минерали надвор од континентална Кина се наоѓа во Малезија, а со неа управува австралиската компанија „Lynas Resources“.
Ретките земни минерали се група од 15 минерали од групата лантаниди во периодичниот систем, иако оваа бројка е проширена така што се вклучени скандиумот и итриумот. Станува збор за минерали кои се јавуваат во ниски концентрации и во геолошки формации поради коишто нивното вадење може да биде многу скапо затоа што тие брзо оксидираат и постапката може многу да загадува.
Ретките земни метали се толку хемиски слични, поради што е тешко да бидат раздвоени, а покрај тоа некои од минералите во коишто се јавуваат може да содржат радиоактивни елементи, како ураниум и ториум.