Во Сингапур рекордни 942 новозаразени со коронавирусот

Градот држава Сингапур забележа 942 нови случаи на зараза со новиот тип коронавирус, што претставува нов дневен рекорд, а поголемиот дел од заболените се мигрантски работници кои престојуваат во домови

Синграпурските власти успеаја да го зауздаат ширењето на новиот коронавирус SARS-CoV-2 и респираторната болест којашто тој ја предизвикува означена со кратенката Covid-19, со многу темелни мерки за контрола и следење на контактите, поради што беа особено пофалени од Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Министерството за здравство во саботата извести за само 14 нови случаи на зараза меѓу Сингапурците и жителите со дозвола за постојан престој, меѓутоа болеста брзо се шири во големата заедница на мигрантски работници. Поради изостанување на сеопфатни мерки на изолација во оваа заедница, властите сега го забрзаа тестирањеро во колективните домови за престој на мигрантските работници.

Сингапур, кој е под делумни мерки на изолација, севкупно регистрираше до саботата 5.992 заразени. Од тешката форма на респираторната болест починале, пак, 11 пациенти.