Како што јави дописникот на МИА, Хаќифи од селото Буковник кај Гњилане, познат како „командант“ Ридван Ал Косова, беше десна рака на озогласениот водач на албанските џихадисти Лавдрим Мухаџери, кого и го заменуваше на лидерската позиција во периодот додека тој беше тешко ранет.
Веста за смртта на Хаќифи ја потврди неговото семејство, не соопштвајќи други детали, како и Исламската верска заедница во Гњилане и полицијата, но одбија да го коменираат случајот.
Хаќифи (27), кој претходно беше имам во џамијата во Гњилане, во редовите на џихадистите во Сирија се приклучил во јули 2014 година.
Хаќифи и Алмир Даци (Ал-Албани), имам од џамијата во албанскот град Подградец, преку видео снимка насловена „Џихадот е чест, порака до Балканците“, им порачаа на оние балкански муслимани кои не може да се приклучат на ИД, да почнат со напади „против диктатурите во Косово, Албанија и Македонија“.