Вашингтон и Техерен се многу блиску до нова војна. Белата куќа соопштила дека американскиот претседател Доналд Трамп го наредил воздушниот напад со дронови во кој во раните утрински часови е убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.
-Генерал Сулејмани активно ги развивал плановите за напади на американските дипломати и припадници на службите во Ирак и поширокиот регион. Овој удар имал за цел да ги прекине иранските планови за напад. САД ќе продолжат да ги превземаат сите неопходни мерки за да го заштитат нашиот народ и нашите интереси, каде било и да се наоѓаат во светот, стои во соопштението на Пентагон издадено по нападот.
הרכב ההרוס אחרי חיסול סולימאני בבגדאד pic.twitter.com/UcgN7DqiMx
— roi kais • רועי קייס (@kaisos1987) January 3, 2020
Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, го нарече денешниот американски напад во Багдад „акт на меѓународен тероризам“, објавувајќи дека САД „ја сносат одговорноста за сите последици од својот одметнат авантуризам“.
#بغداد موقع الغارة التي استهدفت #قاسم_سليماني ( صور صباحية) pic.twitter.com/R8Op3UkpwD
— حسينة اوشان (@hassinaouch) January 3, 2020