Војската на Србија соборила дрон над касарната во Рашка

Српските вооружени сили попладнево собориле дрон над касарната во градот Рашка, пишува „Блиц“.

Претходно деновиве беше забележано набљудување и извидување на касарната од дронови, па армијата, по наредба на врховниот командант дејствувала и го соборила дронот, пишуваат српските медиуми.

Наскоро се очекува соопштение од Војската на Србија, пишува „Блиц“.

Според неофицијални информации, станува збор за комерцијален дрон кој го извидувал теренот.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ синоќа на РТС зборуваше за беспилотните летала кои вчера биле забележани над Рашка. За беспилотните летала зборуваше и новиот министер за одбрана Милош Вучевиќ.

Вчера претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ издаде наредба веднаш да се уништат сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија.

Наредбата доаѓа по инцидентот што се случи во околината на Рашка, кога непознати дронови ги набљудуваа касарните и позициите на војската на Србија.