Препознатлив манир на министерката за одбрана Радмила Шекеринска е помпезноста на изјавите, настаните и таканаречените достигнувања за кои после некое време се испоставува дека се само блед маркетинг без никаква основа.
Повеќе не е ни тајна дека рејтингот на Армијата е доведен на нула, а моралот на војниците и старешините во очајна состојба. Како да биде војник или старешина мотивиран кога униформите им се искинати, храната очајна, платите ниски, а превоз моментно нема поради ненавремено објавување на тендер.
Не така одамна беше фамозната набавака на чизми за војниците, која се случи пред некое време? Во манир на Шеќеринска, ново промашување! Чизмите се само зимски, што значи не се за летен период и не ги немаат добиено сите војници, туку само одреден број.
Причината е што способните кадри на Шеќеринска примиле пратка во која ги имало само броевите од 39 до 42. Е сега проблемот се јавува што најголемиот дел од војниците носат поголеми броеви, а за нив немало набавка. Тие ќе почекаат додека почитуваната министерка да се смилува или да и наредат од партија дека треба пари кои треба да ги обезбеди на грбот на војската.
Уште поголем проблем од бламажата со чизмите е што војската ни е буквално во искината униформа. Војниците имаат само по еден пар униформа која е дотраена и амортизирана. И тоа не е некоја тајна бидејќи на сите јавни појавувања секој кој подобро ги анализира војниците може да ги забалежи крпениците. Ние новинарите имаме можност да го видиме тоа и со голо око кога сме присутни на било кој настан. Министерката Шеќеринска во својот говор на денот на преземањето на должноста министер за одбрана вети дека овој проблем ќе се надмине, но до ден денес тоа не е случај. Војниците со кои разговараме ја покануваат да ги посети касарните, да ги види условите во кои работат и конечно да оствари некое од своите ветувања. Но, не само со изјава, туку и со дело. Во спротивно ќе се потврдат сомневањата меѓу вработените во Министертсвото за одбрана и во Армијата, дека со правење на маректинг преку одбраната, Шеќеринска сака да ја скрие својата вмешаност во аферата „Рекет“.