Војската во Сиднеј ќе помага во спроведувањето на „зклучувањето“

Австралиските власти распоредуваат стотици војници во најголемата метрпопола Сиднеј, кои треба да помогнат во придржувањето на правилата за строго затворање воведени поради ширењето на заразите со коронавирусот.

Растот на заразите со коронавирусот, што се припишува на позаразната делта варијанта, од јуни доведе до 3.000 нови случаи на коронаинфекции а девел лица починаа од компликациите кои ги предизвикува коронавирусната болест Covid-19.

Припадниците на австралиската војска во текот на претстојниот викенд ќе бидат на обука за од понеделник со своите воени патроли на улиците на Сиднеј да помогнат во придржувањето на воведените ограничувања, пренесува BBC.

Меѓутоа, многумина се прашуваат дали интервенцијата на војската е навистина потребна, оценувајќи дека ангажирањето на војниците е претеран потег.

Строгото затворање, коешто е на сила најмалку до 28-ми август, им забранува на граѓаните да ги напуштаат своите домови освен за итни потреби, за набавка, лекарска нега и случни неодложни причини.

И покрај петнеделното „заклучување“, заразите со коронавирусот во најголемиот австралиски гра и натаму се шират, а локалните власти наведуваат во петокот дека се ресгистрирани 170 нови случаи на заразата.

Војниците, инаку, ќе и се приклучат на полицијата во деловите од градот ои се сметаат за „жешки точки“ на заразата, за да обезбедат жителите да се приржуваат до прописите коишто вклучуваат забрана за движење на повеќе од 10 километри од местото на живеење.

Групата за заштита на човековите права Australian Lawyers Alliance, најавеното распоредување на војската го нарече „загрижувачка употреба“ на војската во либералната демократија.

Други активисти, пак, ја повикуваат владата да го засили темпото на вакцинација и да ги поддржи службите кои би им помогнале на загрозените заедници.

Процентот на вакцинирани во Австралија, кој изнесува 17 отсто од возрасната популација, останува еден од најниските во земјите на OECD.