Во Скопје казнети 184 возачи, од кои 38 под дејство на алкохол а во Тетово 30

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 38 мерки за возење под дејство на алкохол, 18 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 16 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за нерегистрирани возила, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, девет мерки за недевање првенство на минување на пешаци, пет за возач почетник…

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (28/29 мај) од 23 до 5 часот,на тетовско-гостиварското подрачје спровеле акциска контрола за управување на возилата под дејство на алкохол, во која биле откриени и санкционирани вкупно 30 прекршоци (ТЕ-20 и ГВ-10).На возачите-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и веднаш се исклучени од сообраќај.

Покрај ова, санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-4).