Во Скопје ограбена обложувалница, во Охрид украдени над 10.000 евра од стан

Во петокот рани утрото во 4,00 часто во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на улоцата „Ќемал Сејфула“ едно лице со закана кон вработената одзело пари од касата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот кој се одиграл на територијата на скопската општина Бутел.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Д. на 48 и Џ.Д. на 69 години, двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Тие, во периодот од 10.06.2022 до 10.07.2022 од куќа во Охрид одзеле пари и златни предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 676.500 денари.