Македонското Министерство за надворешни работо сѐ уште не испратило официјална писмена реакција по скандалозната одлука на косовската влада за парично наградување на семејствата на осудените за тероризам во случајот Диво Насеље, но ваквата рекација дојде од самата косовска јавнсот, пренесува во неделата телвизијата Сител.
Претставници на македонската влада според соопштенијата од саботата кусо реагирале пред своите косовски колеги за, како што рекле, одлуката „која не е во духот на градењето заедничка европска иднина“.
Владата на Рамуш Харадинај одлучи да додели буџетски средства во висина од 220 илјади евра со кои ќе ги помогне семејствата на осудените косовски државјани кои беа прогласени за виновни за терористичката акција во кумановско Диво Насеље од мај 2015 година.
Покрај од македонската експертска јавност, ваквиот чекор на Харадинај наиде на критика и во косовската јавност.
„Членовите на ткн Кумановската група, осудени се од судот во Македонија, за неколку кривични дела како нарушување на уставниот поредок, тероризам и терористичка организација, додека, пак, доделувањето средства на нивните семејства се сметаат за несватливи.
Иронијата да биде поголема, Косово еден месец пред настаните од 2015 година во Куманово, во парламентот го донесе Законот за забрана за обединување во воорижени конфликти надвор од територијата на државата“, вели Флака Сурои, директорка на медиумската групација Koha за порталот lajmi.net.
„Во Куманово се случи тежок инцидент. Починаа 18 лица. Уништена е речиси ена цела населба. Не сфативме што бараа вооружените косовари во Куманово. Ниту кој ги испрати таму, ниту кој ги убеди да отидат таму, ниту пак поради кои причини.
Доделување пари од буџетот на Косово за семејствата на осудените за кривични дела извршени во друга држава нема никаква логична смисла. Да кажеш дека осудените отишле во Македонија да војуваат поради идеал – тоа е да го прекршиш Законот за забрана на обединување во вооружени конфликти надвор од територијата на државата, кој го донесе Собранието на Косово во април 2015 година, значи еден месец пред да се случи Куманово.
Ако Владата има информации кои јавноста не ги знае за овој случај, ќе треба да излезе и јавно да ги каже. Инаку, на овој начин, втемелува преседан според кој некој осуден за кривично дело од прв степен, ќе има право да си земе компензација од државата“, напиша на фејсбук Сурои.
Критика преку Фејсбук профилот упати и аналитичарот Енвер Робели кој силно ја напаѓа одлуката на премиерот Харадинај да им плати по 10.000 евра на семејствата на осудените од Куманово.
Робели таквата одлука ја нарече злосторство против граѓаните на Република Косово.
„Нивните семејства сакаат да ги гледаат “учесниците во битката кво Куманово” како патриоти. Тоа е нивното право. Нивното право е, исто така, да ја проколнуваат Македонија како земја која нема независен правен систем. Можеби е така. Но, како ќе реагираше Косово ако на својата територија влезеа околу 50 или 100-тина Македонци, тешко вооружени, да убиеја околу 10 полицајци, да ранеа десетици други и да уништеа имот? Албанците ширум светот ќе станеа на нозе да бараат да бидат обесени “словенските терористи”. Куманово е голем заговор, замка и игра на услуги , и дел од оваа игра, исто така, станаа многу Албанци авантуристи. А сега косовската влада донесува одлука на нивните семејства да им плати 219 000 евра наводно да ги покрие трошоците, тоа е глупост, дури и своевиден криминал кој е запечатен од страна на премиерот на Косово. Со ваквите одлуки тој во јавноста открива парадоксален, ограбувачки и опасен менталитет. Државната каса не е негова! Со вакви одлуки, државата Косово индиректно ја презема одговорноста и за Куманово. Како и многу други скандалозни одлуки на оваа влада, и оваа исто така ќе помине во тишина, веројатно“, пишува аналитичарот Робели.
Инаку, 16 косовски државјани се осудени дека учествувале во кумановските настани, 5 од нив се осудени за доживотен затвор, седумина на по 40 години, а на четворица им е одредена казна затвор од по 20 години.